Запознајте ја ИРИНА ПРОШЕВА – Првенка на генерацијата 2020-2024, кој годинава матурира во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
Ја знаеме како девојче од нашето маало, со насмева за добар ден, а со неуморна сила систематски да ги реди петките во училишниот дневник. Ги редеше највисоките оценки како ученичка во ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, продолжи и во Средното општинско училиште и со својата посветеност кон образованието, просекот во оценките, активност во училишните секции, настапот на општински и републички натпевари ја заработи титулата „ПРВЕНЕЦ на генерацијата 2020/2024.
Својот пат кон образовната и професионална надградба планира да го продолжи на Факултетот за фармација при УКИМ-Скопје, бидејќи ја интересираат истраживањата во фармацевските и биомедицинските науки.
Па, да и’ посакаме среќа на идната здравствено-фармацевска дипломка од Гевгелија, а сега и’ ЧЕСТИТАМЕ за титулата ПРВЕНЕЦ на генерацијата!