Јована своето образование по пијано го заврши кај проф. Александар Лазаров.
Таа од најмала возраст покажувала амбиции за доста сериозни програми каде во делата е потребна висока пијанистичка техника и истите премиерно ги изведувала од постоењето на училиштето на годишните гала концерти како и класни јавни часови. Натпреварите не се одлика на нејзиниот карактер меѓутоа има освоено прва и трета награда на меѓународни натпревари.
Дипломата за Првенец на генерацијата и’ ја додели Наставничкиот колегиум на ООМУ ,,Васо Карајанов”.
Колективот на ООМУ ,,Васо Карајанов” и посакува успех понатаму во животот:
– „ Иако нема да го продолжи средното образование во музички правец, уверени сме дека ќе продолжи да музицира и да не почасти со некоја изведба во нејзин стил“ – велат од Колективот.
Честитки за првенката! Нека продолжи да музицира и да ја оплеменува уметнички нашата средина!