Ќофтиња од тиквички, има рецепти многу, со јајца, со брашно, со презла, ама еден е рецептот кој се подготвува под ладните сенки на Кожуф планина, гевгелиско, а нив ги подготвува единствениот планински готвач од Гевгелија, Џоко Ризов, пасиониран љубител на природата, но и на добриот вкус после патешествијата низ прекрасните предели на Кожуф.
Еве не’ со неговиот нов репепт:
Ќофтиња од тиквички, таратор, се дегустира и ужива со чашка мастика 🧊.
Потребни состојќи:
1 тиквичка
1 главица кромид
2 јајца
1 чешне лук
2 лажици брашно
сол, вегета, босилек и др зачини по желба
Со тиквичките оди и лесна манџа, а најлесна е летната манџа која се подготвува и лесно, и брзо, до планинска вода, а под ладовините на Кожуф, и лесно и брзо исчазнува (ќе биде сласно изедена).
Ова е вториот рецепт за денеска. Ви требаат 3 домати, 3 пиперки, 3 јајца, сол, лук, магданос и сирење за уживање.
Лесно и брзо се стасува и до Кожуф. Планината Ве чека – ранецот, домати, тиквици, сол и тавче и на уживање во ладот и сладот со рецептот од планинскиот готвач Џоле.