Екстремната високопланинска трка, со вкупна должина на патеката од 20 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање) беше неделниот натпреварувачки предизвик за петмина атлетичари од АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Трката според своите карактеристики, се дефинира како „скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Гевгелиските атлетичари: Прошевски Дарко, Арнаудов Кимо, Ичев Методија, Узунова Валентина и Стојменов Станислав, во конкуренција од 93 натпреварувачи од Македонија, Грција, Шведска, Албанија, Полска и Косово, постигнаа забележителни резултати.
Ова е стартот на трката – Започнува од пред пансионот „Конак“ на Попова Шапка, се движи по ски- стазата “Церипашина“ до куќарката на крајот од жичарницата, а потоа, по планинарската патека оди до Антени (2.520 мнв). Од таму по гребенот (зимска патека) минува преку Казани, преку Карабунар и го искачува врвот Бакарадан (2.704 мнв) и Титов Врв (2.747 мнв). Враќањето назад е по истата рута, а финишот е пред пансионот “Конак“.
Валентина Узунова постигна највисок резултат со завземање на 6-тото место и постигнато време од 4:47:18 часа за ултрамаратоснака траса од 20 километри до Титов врв. Ќе нагласиме дека Валентина беше единствена учесничка атлетичарка во својата категорија „жени 55+“, што значи таа е уникатен првак во својата категорија, а надтрка и помлади од себе натпреварувачки на трасата од „Sky Race“
Стартот и финишот на трката беше на Попова Шапка на висина од 1.750 мнв, а се искачуваа неколку врвови над 2.500 мнв, меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв.
Кај машките учесници од гевгелискиот Атлетски клуб „7 Ноември“ најдобро време постигна Методија Ичев со истрчана траса за 4:06:13 часа, со што го завзеде 37-то место. Ичев трчаше како претставник на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
По него следуваше Прошевски Дарко со време од 4:35:39 часа и освоена 52 позиција на финалната листа.
Трето време на пристигнување меѓу гевгелиските атлетичари имаше Кимо Арнаудов со време од 4:39:07 часа и со тоа се позиционира на 55-то место.
Стојменов Станислав не ја доврши трката поради повреда.
Првите три места во женска конкуренција го освоија:
1. 2 Елена Ртоска MKD ПК „Македон“ 2:58:47
2. 99 Magdalena Wysocka POL 3:48:28
3. 12 Ивана Пекевска MKD „Сам свој мајстор“ 3:50:43
Првите три места во машка конкуренција ги освоија:
1. 39 Erik Martin Nilsson SWE VJ 2:11:22
2. 10 Saso Bogojevski MKD AC Atomic 2:36:14
3. 40 Johan David Sundstörm SWE Trångsvikens IF 2:48:26
„Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Национален парк Шар Планина, значењето на природата, планинарството и промоција на планинското трчање преку уживање на бесценети погледи на долините долж патеката.
За финалистите награда беш и прекрасниот поглед од висините на Попова Шапка.
Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани пет успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.
Оваа трка меѓу другото е и национално првенство и изборна трка од која се формира скајранинг репрезентацијата на Македонија.