Турција утрово го лансира во орбитата својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6А“.
Ракетата SpaceX Falcon 9 лансира сателит во вселената од станицата на вселенските сили Кејп Канаверал на Флорида, јавува „Анадолија“.
Uzaydaki bu büyük başarılar ancak liderimiz Recep Tayyip Erdoğan büyük Türkiye vizyonuyla olabilirdi.
Emeği geçen herkese teşekkür ediyoruz .
Ülkemize ve milletimize hayırlı olsun 👏🏻#Türksat6A 🚀 pic.twitter.com/qhMyVQnZr4— Fatma (@FDNarcicegi) July 9, 2024
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лансирањето на тој сателит го означува почетокот на новата фаза за Турција во производството на сателити.
Yerli haberleşme uydumuz Türksat 6A’yı az önce uzaya fırlattık. 🚀🇹🇷
Ülkemiz ve milletimiz açısından yeni bir gurur vesilesine daha hep beraber şahitlik ettik.… pic.twitter.com/04M8tSXtwG
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) July 9, 2024
Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу истакна дека првиот сигнал од Турксат 6А е примен 67 минути по лансирањето, како што е планирано, додавајќи дека сателитот ќе ја прошири можноста за гледање турски содржини на пет милијарди луѓе.
„Ќе ги доведеме нашите сопствени комуникации, нашите телевизиски преноси на побезбедно, подобро ниво“, рече тој, објаснувајќи дека Турксат 6А сега ќе дозволи содржината од Турција да стигне до Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд.
Турција претходно лансираше сателити користејќи ракети од SpaceX.
Уралоглу додаде дека Турксат 6А е резултат на 10-годишен напор за производство на сателитот во Турција, што ја прави земјата една од 11-те земји што го прават тоа.