Првиот состав на Ансамбл Бојмија се наоѓа на еднонеделна фестивалска презентација на македонскиот фолклор во Турција, на големиот меѓународен фолклорен собир, 36-тиот по ред “Златен Караѓоз” во Бурса, Турција.
Фестивалот се одржува од 06-13.07.2024 год, и на истиот учествуваат најдобрите ансамбли од 24 земји од целиот свет: Боливија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Ирска, Шпанија, Јапонија, Казахстан, Колумбија, Косово, Турција, Македонија, Летонија, Унгарија, Молдавија, Узбекистан, Полска, Србија, Словенија, Тајланд, Туркменистан и Унгарија.
Ова е првото претставување на сценска проба во Бурса.
Македонското оро и песна вчера одекна на поштадот во Бурса, каде гевгелиските играорци настапија со своја сценска кореографија и игра.
Бурса е голем град во северозападна Турција, кој се наоѓа во подножјето на планината Улудаг висока околу 2.500 метри во близина на Мраморното Море. Градот е познат по своите џамии и историски локалитети од раната Отоманска империја. Го носи прекарот „Јешил Бурса“ (Зелена Бурса), поради многубројните паркови и дрвја, како и драматичната планинска позадина.
Бурса бил вториот главен град на Османлиското Царство во приодот од 1335 до 1363 година. Во градот се наоѓаат гробниците на првите османлиски султани, како и бројни објекти изградени во текот на отоманскиот период. Освен тоа, во градот се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта, музеи и бањи. Градот бил познат како Худавендигар (отомански: خداوندگار) што во превод значи „Божји дар„ за време на отоманскиот период.
Во византиско време градот бил познат по топлите извори кои биле посетувани од страна на царевите, а денес истите се достапни за луѓето.
Денес е град со 2.340.000 жители, поголем и од нашата Македонија. Е овој топол град за гостопримство ја спои песната и фолклорот од 24 светски земји на едно место, под еден кров, на една сцена, ширејќи ја културата, цивилизациските вредности и рпијателствата.
Им посакуваме успешни настапи на членовите на ансамбл „Бојмија“ и да се закитат со некоја нова награда за вредноста на македонскиот фолклор!