Синоќа на градскиот плоштад во Валандово се одржа манифестацијата „Петровденски веселби“ на која настапија воклани состави од регионот. Меѓу нив и ансамблот „Распеани гевгеличани“.
Тие пред публиката на отворената сцена во центарот на Валандово, ги изведоа песните: „Петровото лето“, „Назад Калино моме“ и „Врати ми ја љубовта“.
Настап имаше и детската танцова група „Ритам Плус“ од Валандово кои изведоа „Англиски Валцер“. Песната и веселбата ја продолжија „Распеаните Валандовчани“, Распеани Струмичани, Октет „Прилеп“ и Распеани Радовишани.
Петровден, најголемиот празник после Велигден во топлата Валандовска котлина се прослави со „Петровденски веселби“ во организација на општина Валандово.
Распеаните Гевгеличани уште еднаш покажаа дека песната не треба да се штеди само за дома, туку таа живее секаде каде што тие настапуваат ширејќи го староградскиот мелос од некогашна Гевгелија.


