четврток, 10, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ЦУК: Сите воздухоплови утрово полетаа да ги гаснат големите шумски пожари во Македонија

ВИДЕО: Во државата во моментот активни се 18 големи шумски пожари. ЦУК утрово ги испрати сите воздухоплови на терен во акција за гаснење, заедно со хеликоптерите кои пристигнаа како помош од Словенија, Хрватска, авионот од Романија

јули 17, 2024
in MАКЕДОНИЈА
ЦУК: Сите воздухоплови утрово полетаа да ги гаснат големите шумски пожари во Македонија
0
SHARES
321
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имаше 2 438 повици на 112 и вкупно 36 пожари на отворено, од коишто активни утрово се 18, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји.

Кон Гевгелија испратени се два хеликоптери за гаснење на пожарот кој веќе шести ден гори од Негорци према Кованец, а од вчера огнот продолжи да годи низ шумата на Кожуф во правец на селото Серменин.
Хеликоптерите вчера пристигнаа како помош на Македонија за справувањето со големите пожари на отворен шумски простор од Република Словенија. Утрово хеликоптерите полетаа од аеродромот Петровец кон гевгелија за гаснење на пожарот .

Related posts

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

јули 7, 2025
МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025

– „Во гаснењето на пожарот на планината Серта во неготинскиот дел кај селото Калањево рано утрово се приклучени четири хеликоптери, двата наши армиски и еден полициски, а на нив ќе им се придружи и еден црногорски хеликоптер. На територијата на Гевгелија, над селото Негорци, испраќаме два словенечки хеликоптери, додека во Општина Ново Село на планината Огражден испраќаме еден голем турски и еден голем српски хеликоптер, што носат пет тона вода“, утрово информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека во текот на денот очекува да се воспостави контрола врз големиот пожар што со денови гори на планината Серта.

„Ќе полетаат и сите „ер-трактори“, три на ДЗС и два турски „ертрактори“ заедно со хрватскиот канадер кон планинатат Серта на територијата на Општина Штип позади селото Драгоево. На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“, рече Ангелов.

Тој најави дека денеска се очекува да слета и авионот Херкулес од Романија, што носи т.н. водни бомби од повеќе од пет тона. Заедно со него ќе слета уште еден авион кој му служи како логистика.

Низ целата држава има уште неколку пожари, кои ќе бараат воздушна поддршка, во Општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково, под врвот на Солунска глава има пожар, како и пожарот веднаш до Радовиш.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Петти ден гори кај Кованец, гевгелиско

Next Post

Пожар кај граничниот премин “Евзони” – затворен меѓуграничниот промет

Next Post
Пожар кај граничниот премин “Евзони” – затворен меѓуграничниот промет

Пожар кај граничниот премин "Евзони" - затворен меѓуграничниот промет

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Радалицата од XX век вратена кај Амамот во Гевгелија

Радалицата од XX век вратена кај Амамот во Гевгелија

2 години ago
ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

1 година ago
Богојавление во Дојран и Богданци

Богојавление во Дојран и Богданци

1 година ago
Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ
  • Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош
  • ВИДЕО: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist