Дождот што заврна попладнево помогна да се изгасат повеќе активни пожари во државата, меѓу нив и пожарот кој 7 денови пустошеше во висините на Кожуф планина на потегот од Негорци кон с.Кованец се’ до с.Серменин, јавува ЦУК.
Од вкупно 29 активни пожари во текот на денот изгасени се 16 и тоа со помош на дождот и претпладневните активности на силите на ТППЕ, на ДЗС, АРМ, МВР, ШС и комуналните претпријатија.
Изгасени се 16 пожари на териториите на:
– Општина Битола: Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
– Општина Крушево: Градска депонија , (борова шума и ниска вегетација)
– Општина Аеродром: нас.Лисиче (ѓубре)
– Општина Арачиново: с.Арачиново (ниска вегетација)
– Општина Зелениково: с Дејковец ( високостеблеста вегетација)
– Општина Кавадарци:с.Шивец (ниска вегетација)
– Општина Росоман:с.Трстеник (ниска вегетација)
– Општина Штип:с.Радиње (стрниште)
– Општина Пробиштип: с.Лезово (ниска шума и грмушки)
– Општина Тетово: Палма Мол (ѓубриште)
– Општина Гостивар: нас.Питарница (ѓубриште)
– Општина Радовиш: кај с.Штурово (Ниско стеблесна шума);.
– Општина Неготино: с.Калањево (ниско стеблеста шума и грмушки)
– Општина Ново Село: с.Бадилен (дабова шума и борова шума)
– Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума)
– Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума)
Добрата вест за изгаснатите пожари дојде од изјавата на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов:
Остануваат активни уште 13 пожари за кои утре Националниот кризен штаб ќе направи план и распоред за активности за гаснење.
Вкупно активни се 13 пожари на територијата на:
– Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец ( високостеблеста вегетација)
– Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
– Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
– Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки локализиран;
– Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација)
– Општина Долнени: с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума)
– Општина Конче: с.Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума)Локализиран
– Општина Делчево: (градска депонија)
– Општина Македонски Брод: с. Слатина , кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација)
– Општина Македонски Брод: с.Девич (дабова шума)
– Општина Василево: помеѓу селата с.Вељуса и Ангелци (ниска вегетација ), Локализиран
– Општина Велес: над гробишта кон с.Оризари и градот (висока сува трева и нискастеблеста жбунец)
– Општина Проби Штип: с.Гајринци (нискостеблеска и висока трева).
Добрата вест за изгаснатиот пожар на Кожуф ја поздравија многу граѓани на социјалните мрежи, дури и доцна во ноќта.