Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија, се случи вчера утрото, во која возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди, на улицата „Вардарски рид“ која води до главната индустриска зона во Гевгелија.
Во петокот, на 19.07.2024 во 05:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.П.(45) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, (М.П. од Гевгелија), констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Фото: Архива на МВР