Сопственикот на социјалната мрежа X, Илон Маск сподели видо генерирано со вештачка интелигенција на кое светските лидери шетаат на модна писта облечени во необични комбинации – Џо Бајден во инвалидска количка, Трамп во портокалов затворски комбинезон, а Путин во фустан со боите на виножитото.
„Дојде времето за модна ревија смислена од вештачката интелигенција“ напиша Маск на видеото кое стана вирално.
High time for an AI fashion show pic.twitter.com/ra6cHQ4AAu
— Elon Musk (@elonmusk) July 22, 2024
Модната ревија ја отвора Папата Франциско во бела дебела јака, со златен каиш. По него следува рускиот претседател Владимир Путин во „Луи Витон“ фустан со боите на виножитото, а следен е американскиот претседател Џо Бајден кој е во количка и носи камуфлажно одело.
И Маск се појавува на модната писта во костум што потсетува на оној што го носат астронаутите, а на него е истакнато логото на „Тесла“.
Доналд Трамп носи портокалов костум на „Луј Витон“ кој наликува на облеката што ја носат затворениците во американските затвори. Тука се и Ким Џонг-ун, Ненси Пелоси, Џастин Трудо во фустан, како и Барак Обама, кој се појавува најпрво во издание на „Матрикс“, а потоа и во неколку различни изданија.
Камала Харис на пистата се појавува во костим за капење и здолниште на кои е напишано „Камала 2024“, а тука се и Берни Сандерс, Џеф Безос и Бил Гејтс, кој носи екран кој потсетува на колапсот на ИТ-системот пред неколку дена.