четврток, 19, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Во еден ден два пожара во Гевгелија, ТППЕ ги изгасна попладнево и двата

Екипите на ТППЕ се повлекле попладнето по успешно спроведената интервенција и двата целосно ликвидирани пожари

септември 27, 2023
in ФОКУС
Во еден ден два пожара во Гевгелија, ТППЕ ги изгасна попладнево и двата
0
SHARES
1.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Огнот се јавува секаде каде има услови, или каде ќе му бидат создадени услови за да настане и пламне.
Така денеска во Гевгелија попладнево избија два пожари, едниот во атарот на село Ново Конско, гевгелиско, другиот речиси на влезот во Гевгелија во подрачјето на некогашна „Пиперна“.

Поголем зафат имаше пожарот на отворен простор кој изби попладнево на атарот на с.Ново Конско, на излезот кон Смрдлива вода.  Овде беше опожарена мешана шума и сува трева која го помагаше горењето, така што изгоре простор од 3 (три) хектари природен шумски појас.

Related posts

Медарски рекордер – Марјан Цветковиќ освои 14 награди за квалитет на мед од Кожуф планина во 2026

Медарски рекордер – Марјан Цветковиќ освои 14 награди за квалитет на мед од Кожуф планина во 2026

ноември 13, 2026
ВИДЕО: НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО за Општа Болница Гевгелија

ВИДЕО: НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО за Општа Болница Гевгелија

ноември 12, 2026

Пожарот во Ново Конско беше пријавен во 13:12 часот, Екипа на ТППЕ Гевгелија веднаш излезе на терен да интервенира со 5 пожарникари и две ПП возила и камион, а на помош беа и тројца вработени од Шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија.

Пожарот беше за 2 часа локализиран, а до истекот од третиот час истиот беше целосно ликвидиран. До 16 часот екипите на ТППЕ Гевгелија се повлекоа, а до доцна во ноќта останаа да надгледуваат и дежураат вработени од ШС „Кожуф“ да не се создадат услови за разгорување на згариштата и итно посипување со земја за да се уништи огнениот налет.

Вториот пожар е пријавен на дежурниот број на гевгелиската Пожарна во 13:24 часот,, со 12 минути разлика од веќе пријавениот пожар кај Ново Конско.
Пожарот бил во индустриската зона во Гевгелија, лоциран на просторот меѓу некогашната Пиперна и фабриката за конзервирање, во меѓупросторот обраснат со трева која во моментот била сосема сува. На просторот имало и отпадна пластика со чие опожарување настанал црн чад, па жителите кои го пријавиле пожарот до дежурниот број во „Пожарната“ во Гевгелија биле видно вознемирени од глетката и можното проширување на огнот.

На терен се интервенирало со едно Противпожарно возило и тројца пожарникари кои со брза интервенција го изгаснале огнот и спречиле негово проширување кон околните објекти, што би било потешко за интервенција и поопасно, со оглед на инсталациите, електричните напојувања и сл.

Екипите на ТППЕ се повлекле попладнето по успешно спроведената интервенција и двата целосно ликвидирани пожари.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Нови намалени цени за пијалоците и низ гевгелиските маркети

Next Post

Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

Next Post
Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Грција ПРВА, Македонија ВТОРА на меморијалот „Боби Петковски“ во Гевгелија

Грција ПРВА, Македонија ВТОРА на меморијалот „Боби Петковски“ во Гевгелија

3 години ago
Среќна Тодорова сабота – Празникот на љубовта

Среќна Тодорова сабота – Празникот на љубовта

3 години ago
ВИДЕО: Трагичен крај од брутален удар на фудбалски натпревар за 30 год. Хесус де Мигуел

ВИДЕО: Трагичен крај од брутален удар на фудбалски натпревар за 30 год. Хесус де Мигуел

2 недели ago
Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“
  • РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри
  • АНА БЕГОВА – 12 годишната атлетска хероина од Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

ноември 16, 2026
РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

ноември 16, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist