Министерот за здравство Арбен Таравари во текот на неделава донесе одлуки за именување на нови В.Д: директори на 12 јавни здравствени установи во државата.
Меѓу именуваните е и д-р Патрик Матх, доктор специјалист по интерна медицина вработен во Општа Болница Гевгелија кој од оваа недела ја превзеде функцијата В.Д: директор на установата каде остварувал дводецениска здравствена дејност.
Првиот работен ден по именувањето за раководител на здравствената установа во Гевгелија д-р Матх се упати на терен со екипа на Црвениот крст на Гевгелија каде на гевгеличани на штанд во Градскиот пазар им мереа притисок, мереа шеќер во крвта и им даваа здравствени совети за практични превентивни мерки против топлото време.
Доктор Матх е инаку субспецијализант на гевгелиската болница по гастро хирургија.
На последните локални избори во Гевгелија д-р Матх стана член на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а од мнозинството советници му беше доверена функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија.
Д-р Матх ја превзеде функцијата директор од претходникот д-р Александар Киров, спец. хирург при Општа Болница Гевгелија.