Вчера, 27 јули 2024 година, во 14:12 часот во водите на Стара река, кај местото Захват систем за наводнување на ЗЗ „Петрушка река“ била пронајдена удавена И.Д. (33) од село Миравци, Гевгелиско.
Во полицискиот извештај на МВР се вели дека жената еден час претходно била пријавена дека се оддалечила од нејзиниот дом, соопштија попладнево од СВР Струмица.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на удавената жена било предадено на обдукција.
Жителите на Миравци поради трагедијата ги откажаа веќе закажаните јавни настани во населеното место.