Пет интервенции за гаснење пожар во изминатто деноноќие, а денот уште не завршил. Во моментот се интервенира на пожарот на депонијата во Дојран во близинана месноста „Карач“ каде се наоѓа истоимената туристичка населба, со нови вили, и станбени објекти.
Екипата на ТППЕ Гевгелија е упатена на терен уште од 11 часот. Интервенираат со две прoтивпожарни возила, едно теренско возило и 8 пожарникари. На терен е и тимот на Доброволното противпожарно друштво од Дојран.
Ветрот присутен денеска ја отежнува работата на пожарникарите и го движи пожарот јужно кон населбата Дојран.
Утринава екипата на ТППЕ Гевгелија интервенираше на уште три пожари. Гореше кај областа „Kасарна“ во близина на центарот „Мајка Тереза“, гореше кај с.Ума, а потоа oтидоа на помош и во гаснењето на пожарот кај с.Николиќ, дојранско, кој веќе е изгаснат.
Синоќа пожарникари од ТППЕ Гевгелија интервенираа и во гаснење на пожарот кој изби кај с.Кованец.
Бурен ден за гевгелиските пожарникари, бурен и огнен ден и за екипите на ТППЕ од другите општини во државата каде беснеат пожарите.