понеделник, 30, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Илинденски празнувања во манастирот „Св.Илија“ во Давидово

Прекрасното здание на манастирот „Свети Илија“ во село Давидово, гевгелиско во чест на својот патрон Светецот и пророк Илија, на денот Илинден беше посетен од бројни граѓани, мештани, гости од околните населени места

август 5, 2024
in ФОКУС
Илинденски празнувања во манастирот „Св.Илија“ во Давидово
0
SHARES
417
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Прекрасното здание на манастирот „Свети Илија“ во село Давидово, гевгелиско во чест на својот патрон Светецот и пророк Илија, на денот Илинден беше посетен од бројни граѓани, мештани, гости од околните населени места.

Поводот беше да се прослави црковниот празник Свети Илија и македонскиот државен празник Илинден, по повод 121 годишнината од почетокот на Илинденското востание и 80 годишнината од заседанието на АСНОМ на кое е устоличена државноста на Македонија.

Related posts

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025
Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

јуни 29, 2025

Главниот патрон се прославува на 2 август – Илинден. Манастирот е особено посетен за време на верскиот празник Илинден, кога има многубројни посетители од Гевгелија и Валандово, а се верува дека овој манастир има исцелителска моќ за многу болести.

И градежните поправки во манастирскиот комплекс во Давидово се со донации и доброволна работна рака

Големиот ден носи многу гости во манастирот, па добродушните давидовчани со време ги започнаа подготовките. Најпрво средување на пристапниот пат до манастирот, чистење на манастирот и тамошната црква, подготовка на кујната, подготовка, чистење, сецкање, миење на намирниците за спремање на заедничкото празнично јадење.

Света Божествена Литургија и осветување на празничното јадење изврши отецот Лазар од Миравчката парохија која припаѓа на Гевгелиското Архиерејско намесништво, Повардарска Епархија. Манастирот е дел од големата плеада духовни храмови на Македонската православна црква.

Котлите полни со приготвени јадења за панаѓурот во Давидовскиот манастир
Отец Лазар изврши Света Божествена Литургија во чест на Св.Илија
Благословен и заедничкиот празничен ручек

Асталите за гостите поставени на големиот двор во манастирот, нудат несекојдневно уживање во вечерата под ѕвезденото небо во природното опкружување на ридестиот зелен крајолик околу Давидово.

Бројни гости беа послужени со заедничко сенародно јадење за здравје, за благослов, за милоста на Св.Илија да ги следи во животот. Некои и преноќуваа во манастирските конаци. За нив вредните домаќини од с.Давидово подготвија утринско гравче за да го дочекат следното утро после Илинден наспани, благословени.

На оваа организираност, набавка на намирници од донатори, доброволното чистење, подготовката на јадењата, служењето на гостите, жителите на Давидово можат да добија само пофалби за сложната организација и функционирање и секако благодарност од задоволните гости.
Наместо тоа, се изненадија на објавен став на бизнисменот Трифун Костовски на социјалните мрежи дека се сеќава како преноќувал во овој манастирски комплекс, кој за жал денеска е запустен.

Жителите на Давидово со работата посветена за подготовка на Илинденските празнувања, со насмевките на фотографиите, со демант на својата фејсбук страна ги негираат таквите тврдења.

Сите работат доброволно, и старо, и младо, за милоста на заштитникот Илија
Благослов за прислужниците во кујната кои ќе ја служат благословената празнична вечера

Давидовскиот манастирот „Св.Илија“ е духовна градба која опстојува веќе 87 години, и на забот на времето, и на забот на модерните животни навики, а жителите на Давидово го чуваат духот на традицијата и не жалат за своето потрошено време за подготовките во чест на одбележувањата и празнични чествувања на заштитникот на селото Давидово.

Да ви е за многу години празникот домаќини, да Ви е благословен трудот и аманетот кон следните генерации за чествување на Илинденските победи и Вашиот заштитник, Светецот и пророк Илија, именосецот на вашиот манастир во Давидово!

Поздрав за добредојде на влезот од манастирот „Св.Илија“ – Давидово

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

СЕЛОТО ФУРКА СПАСЕНО

Next Post

ВИДЕО и ФОТО: Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци

Next Post
ВИДЕО и ФОТО:  Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци

ВИДЕО и ФОТО: Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Тешко повредена гевгеличанка во сообраќајна несреќа во Скопје

Тешко повредена гевгеличанка во сообраќајна несреќа во Скопје

7 месеци ago
Нацистичка секретарка конечно по 81 година добива пресуда за злоделата

Нацистичка секретарка конечно по 81 година добива пресуда за злоделата

3 години ago
Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ стаса до четвртфиналето на ЛОИ, можна е битка за бронза

Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ стаса до четвртфиналето на ЛОИ, можна е битка за бронза

11 месеци ago
Почувствуван земјотрес во Гевгелија и околината

Почувствуван земјотрес во Гевгелија и околината

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist