По тешката ноќ помината со огнениот свод над Фурка, опш.Дојран, жителите на ова населено место може да здивнат. Утрово испратени се повеќе хеликоптери кои интервенираат од воздух во гасењето на пожарот.
Ветрот синоќа го промени правецот на движење со што го усмери пожарот северно, кон Валандово. Опасноста од опожарување на селото беше природно надмината. Селото и 1000та жители останаа не оштетени, освен непроспиената ноќ.
Од 29 активни пожари во текот на вчерашниот ден во државата 21 биле изгаснати, три ставени под контрола, а 5 остануваат и понатаму активни.
Пожарот на Погана кај Ветерниот парк е ставен под контрола.
Гори и денеска во областа Карабалија, северно од с.Фурка. Жителите кои здивнаа од грижите за својот дом, денеска доброволно помагаат на противпожарните сили од Гевгелија, Валандово, Дојран.
Вака беше синоќа, огнено, неизвесно, со загриженостод глетката над селото.
Има ли крај на овој огнен хаос!?!