вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонски средношколци освоија шест медали на Светската олимпијада по геонауки IESO2024

Одлични познавачи на геонауките се нашите средношколци - од Светската Олимпијада дома донесоа ЕДНА СРЕБРЕНА и 5 БРОНЗЕНИ медали на натпреварите во неколку категории од областа на геонауките

август 16, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Македонски средношколци освоија шест медали на Светската олимпијада по геонауки IESO2024
0
SHARES
95
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ученици за пример дома, носат медали и од светски натпревари. Последното достигнување го имаат средношколците од Македонија учесници на 17-та Светска олимпијада по геонауки IESO2024.

На Меѓународната научна олимпијада, одржана во Кина, нашиот национален олимписки тим составен од средношколци, во конкуренција од 300 ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи од целиот свет, успеа да освои ЕДНА СРЕБРЕНА и ПЕТ (5) БРОНЗЕНИ медали на натпреварите во неколку категории од областа на геонауките, на 17-та Светска олимпијада по геонауки IESO2024.

Related posts

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025
Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

септември 14, 2025

Веста за успехот на нашите средношколци на социјалните мрежи ја споделија Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ, и еден од менторите на македонскиот олимписки тим, и Македонското географско друштво.

Два бронзени медали беа освоени во категоријата индивидуален тест на знаења, а еден сребрен и три бронзени медали во категоријата за интернационална тимска презентација, каде средношколците се натпреваруваа со конкуренција од 140 ученици од 35 држави од сите континенти.

Ивана Атанасоска, ученичка во СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп, и Милена Ангелова, од СОУ „Методија Митевски Брицо“ во Делчево, се закитија со бронзени медали во категоријата индивидуален тест на знаења.

Останатите медали беа освоени во категоријата за интернационална тимска презентација. Притоа Михаела Павловска од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје освои сребрен, а Атанас Ташковски од СОУ „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, заедно со Милена Ангелова и Ивана Атанасоска, освоија бронзени медали.

Ментори на македонскиот олимписки тим беа проф. д-р Ивица Милевски и проф. д-р Свемир Горин од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Им честитаме на учениците и нивните ментори за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу нови медали и научни успеси и достигнувања.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Кривична пријава за дилер од Гевгелија

Next Post

Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско

Next Post
Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско

Нови пожари, стари навики - повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Село УМА – возвушна бања на Кожуф

ВИДЕО: Село УМА – возвушна бања на Кожуф

1 година ago
По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

2 години ago
ВИДЕО: Македонскиот борец Марко Трајановски e европски младински шампион во ММА

ВИДЕО: Македонскиот борец Марко Трајановски e европски младински шампион во ММА

7 месеци ago
Дизел горивото повторно поскапува

Дизел горивото повторно поскапува

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд
  • Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа
  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

септември 16, 2025
Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

септември 16, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist