четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско

По 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско, повторно гореше природната вегетација во поткожувјето, а по 19 денови затишје на пожарите во Дојран повторно гори депонијата кај туристичката населба „Карач“

август 17, 2024
in ФОКУС
Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско, повторно гореше природната вегетација во поткожувјето, овој пат во близина на село Давидово, во подножјето на Кожуф планина, гореше прнар и сува трева.

На местото на опожарувањето веднаш интервенираше тим на ТППЕ Гевгелија, по дојавата за пожар во 17:45 часот, вчера 16 август. Екипата за интервенција составена од 4 пожарникари и две противпожарни возила целосно се справи со пожарот по тричасовна акција на терен. Пожарот беше целосно ликвидиран во 21 часот, а екипата вратена во своето седиште во 21:10 часот.

Related posts

Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025
По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025

Ова е прва интервенција во август после 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско. Последниот случај беше на 6 август со големиот пожар во близина на с.Негорци кога беа загрозени и куќите пa мораа итно да интервенираат воздушните сили испратени од ЦУК. Куќите беа спасени благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Гевгелија, хеликоптерот кој гаснеше од воздух и локалните жители од Негорци кои направија земјен штит меѓу пожарот и куќите.

Пожар на депонијата со поглед од Нов Дојран

Денеска повторно гори депонијата во Дојран. Овој простор гореше и на 30 јули и опожари семејни имоти, гаражи, помошни простории, а за спас на населбата итно интервенираше хеликоптер ангажиран од ЦУК.

На терен денеска се противпожарните сили на Доброволното ПП друштво од Дојран.
Од ТППЕ Гевгелија велат дека не е барана помош од нив да се вклучат во интервенцијата поради тоа што нема опасност од опожарување на блиските населби „Карач“ и Нов Дојран, бидејќи во пожарот пред 19 денови изгоре голема површина од околниот простор околу депонијата. „Нема што да гори, освен ѓубрето од депонијата“ – Велат од ТППЕ Гевгелија.

Пожарот кај депонијата со поглед од туристичката населба „Карач“

Жештините уште траат, а опасностите од пожар не запираат. Причина кај сите овие пожари на отворено е човечкиот фактор кој изгледа уште не се свестил колкава штета предизвикува со пожарите, свесно, или несвесно, но во секој поглед НЕОДГОВОРНО!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонски средношколци освоија шест медали на Светската олимпијада по геонауки IESO2024

Next Post

Авто подготовки некогаш во Гевгелија

Next Post
Авто подготовки некогаш во Гевгелија

Авто подготовки некогаш во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Втор Меморијал во чест на гевгелиската легенда Гелебешев

Втор Меморијал во чест на гевгелиската легенда Гелебешев

1 година ago
Денеска повторно бојкот на маркетите, граѓаните избегнуваат пазарење кај нив

Денеска повторно бојкот на маркетите, граѓаните избегнуваат пазарење кај нив

7 месеци ago
ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

4 месеци ago
Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“
  • Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025
Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist