Агенцијата франс прес (АФП), според објавата на семејството на актерот, пренесе дека Делон починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз.
„Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и неговото куче Лубо со длабока така објавуваат дека нивниот татко починал“, соопшти семејството на францускиот актер.
АФП потсетува дека актерот беше во лоша здравствена состојба во последните години и дека од 1990-ите години неговите филмски појавувања станаа сè поретки.
Ален Делон (1935-2024) беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-ите години, филмска икона на 20. век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“.
Севкупно, Делон се појави во повеќе од 90 филмови во текот на својата кариера.
Пред две години Ален делон побара еутаназија. „Сите мои убави пријатели веќе се заминати“ реагираше Делон велејќи дека му е празен жиотот без нив. Тој беше во врска и во брак со филмски убавици како Брижит Бардо, Роми Шнајдер.
Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира. Делон му се доверил и на својот лекар во врска со ова. „Ле Паризиен“ пишува за нарушеното здравје кое го имал актерот во последните години, а во лекарскиот извештај стоело дека „моралот на актерот бил низок и дека изгледа дека „повеќе не очекува ништо од животот“.
– „Подготвен сум да умрам. Го мразам времето во кое живееме, ми се гади. Има луѓе што ги мразам. Сè е лажно, само парите се важни. Ќе заминам од овој свет без трошка жалење“ – изјавил тогаш Делон.
Медиумите во светот ја пренесуваат веста за смртта на филмскиот великан.