Царинските работници на ГП „Богородица“ заплениле непријавен накит, златен и сребрен, со проценета пазарна вредност oд над 500.000 денари.
Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар.
Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Случајот е откриен на граничен премин „Богородица“ кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.
По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златен и сребрен накит.
Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија, јавуваат од Царинската Управа на Македонија.