Манастирот „Свети Спас“ и црквата „Свети Кирил и Методиј“ во празничен свечен амбиент по повод утрешниот празник Голема Богородица.
Вчера беше одржана Акатистна Пофалба за Успение на Пресвета Богородица во гевгелиската црква, а денеска во 17:00 часот во манастирот Свето Вознесение Христово „Свети Спас“ ќе се одржи Празнична вечерна. По вечерната богослужба сите присутни верници и поклоници на црквата се покануваат на манастирско посно гравче.
Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото. Богородица се смета за заштитник на сите христијани, посебно на жените, мајките, со благослов за род и потомство, за родност на добитокот и полињата.
За на век да е милоста на Богомајката!