Гевгелискиот Фолклорен ансамбл „Бојмија“, Куд, „Танц“ од Миравци и Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци се трите фолклорни друштва од југот на Македонија кои учествуваа на 13те „Русалиски средби 2024″ во с.Секирник, Босилово.
Традицијата на русалиските игри, тие стамени момчешки ора со сабјите (дрвени за уметнички приказ) низ оро и живописна кореографија го искажуваат генетскиот код на Македонецот со борба да опстојува, да се брани, со ора и културни преданија да ја чува својата историја, самобитност и културна традиција, од дамнина, па до денеска.
Погледнете го настаот на гиздавите моми лазаренки и русалиите од „Бојмија“.
Традицијата на русалиите од нашиот крај потекнува од село Петрово, гевгелиско, а успешен приказ на таа традиционална фолклорна експресија на сцената ја изведуваат играорците од КУД „Танец“ од Миравци. Ова е и најстарото фолклорно друштво од Гевгелија, со полни 99 години постоење, но и најстарото на сцената во Секирник и само тие „Бојмија“ и „Русалиите“ од Секирник го имаа на репертоарот оригиналното русалиско оро.
Девочињата од КУД „Танец“ се претставија со нивното женско оро.
На „Русалиските средби 2024“ учество зеде и Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци. Тие само што се беа вратиле од фолклорен фестивал во Црна Гора од каде понесоа Гран при. Но неуморните играорци на „Мегдан“ се желни за нови настапи и ширење на културните традиции на Македонија. Еве видео парче од нивниот настап на „Русалиските средби“.
Настанот се одржа вчера во пресрет на празникот Голема Богородица. Фолклористите најпрво имаа дефиле низ Секирник, учествуваа на црковна литургија за Пресвета Богородица, а вечерта настапија пред публиката во Секирник.
Покрај фолклористите од југот, на средбите настапија и ансамблот „Бели Мугри“ од Кочани, ФА „Копачка“ с.Драмче, Делчевско, КУД „Мирка Гинова“ од Демир Капија, и КУД „Русалии“ од с.Секирник.