Спортскиот настан „Че Трчаме“ се одржа денеска во Прилеп и на истиот учествуваа 16 тркачи од АК „7 Ноември“ Гевгелија во три категории, трка на 10 километри, трка на 5 километри и детска трка од 1 километар.
Најуспешни беа младите тркачки сили од гевгелискиот атлетски клуб:
– АНА БЕГОВА освои ПРВО место на детската трка во категорија до 11 години
– АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – ВТОРО место на детската трка во категорија до 14 години.
На истата трка од 1 км во детска конкуренција настапи и Чучанов Марко (до 11 години).
Најдолгата тркачка траса беше трката на 10 километри, и овде најдобар резултат од гевгелиските атлетичари имаше ДАРКО ПРОШЕВСКИ со време од 45:49 минути и завземено 36-то место од 189 учесника на трката.
На 10 километарската траса со боите на гевгелискиот атлетски клуб настапија и: Узунов Борче со време од 48:04, потоа Илиоски Крстовски Борче со време од 53:29 мин., следуваат Костадинов Николчо, Мичев Никола, Ристов Драган, Ангел Делиќ и Цветков Орце, сите членови на АК „7 Ноември“.
На трката од 5 километри најдобро време од женските имаше Јасмина Чучанова која патеката ја истрча за 32:05 минути и се пласираше на 72-та позиција од вкупно 223 женски натпреварувачки.
Кај машките натпреварувачи од Гевгелија најуспешен беше НИКОЛА КОВАЧЕВ со време од 22:20 минути се позиционираше на 32-то место од 336 учесници на трката.
Од останатите учесници ќе ги споменеме резултатите на Живко Петков (29:33), потоа на Ѓорге Чучанов (29.53 мин.).
Се’ на се’ успешен настап во Прилеп и успешен спортски викенд за тркачите од гевгелискиот атлетски клуб „7 Ноември“. Честитки за сите учесници и постигнатото на тркачките траси!