Денеска школското ѕвонче ги повика на училиште учениците од 4-те општински основни училишта заедно со подрачните училишта и Средношколскиот училишен центар во Гевгелија. Тоа се близу 2.000 ученици.
Меѓу сите нив највозбудени беа првачињата кои за прв пат се запознаваат со училиштето и училишната атмосфера.
На број ги има 230 првачиња во сите основни училишта во општината ООУ „Крсте Мисирков”, како и ООУ „Владо Кантарџиев” од Гевгелија, потоа ООУ „Климент Охридски” Миравци и„Ристо Шуклев” Негорци. Сите првачиња денеска добија добредојде од своите поголеми соученици.
Изненадување беше и училишен ранец и училишен прибор на секоја клупа, што ги добија секое од 230-те првачиња, подарок од Општина Гевгелија за успешен почеток на новата етапа од животот – периодот на образованието.
Свечено беше, распеано, со игри, рецитации и добредојде од наставниците и воспитно-образовниот кадар.
На свечениот дочек на првачињата присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов кој им посака „Среќна и успешна учебна година исполнета со многу насмевки, учење и другарување.“
СРЕЌНЕН почеток на учебната одина за сите ученици и успешна школска година за сите образовни чинители!