Повторно на сцена со својот познат репертоар, настапи Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци на 39-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“.
Оваа фестивалско издание започна во петокот, 6 септември, а ќе трае до утре 12 септември. На истиот учество зедоа фолклорни ансамбли од од 4 (четири) континенти: Азија, Африка, Јужна Америка и Европа. Тука се фолклорните претставници од земјите: Чешка Република, Украина, Мексико, Косово, Бугарија, Сенегал, Србија, Казахстан и Македонија.
„Мегданци“ од Богданци имаа чест да учествуваат на дефилето и големото оро на отварањето на фестивалот.„Истибањско здравоживо“ 2024.
Во настапите пред публиката се претстави женскиот дел од ансамблот со „Лазаренки“, со влашкото оро, и други традиционални фолклорни игри од југот на Македонија. Еве ги со изведба на одбрана фолклорна кореографија:
Oрганизатор на фестивалот кој веќе пополнува четиридецениска традиција е Фолклорен ансамбл „Китка“ од Истибања, под покровителство на општина Виница и Министерството за култура на РСМ.
Утре се финалните настапи на учесниците на фестивалот. Што ќе понесе од ова 39-то издание на МФФ „Истибањско здравоживо“ носителот на гранд При од Црна Гора за оваа година, ФА „Мегдан“ од Богданци!?