петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

ТРЕТО место за Илија Велков на Интернационален младински турнир во шах “Lake Queen”

Младиот 16 годишен член на ШК „7 Ноември“ од Гевгелија, Илија Велков освои подиум, ТРЕТО место и бронзен медал на одржаниот Интернационален Младински турнир во шах "Езерска Кралица 2024"

септември 11, 2024
in СПОРТ
ТРЕТО место за Илија Велков на Интернационален младински турнир во шах “Lake Queen”
0
SHARES
167
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Младиот 16 годишен член на ШК „7 Ноември“ од Гевгелија, Илија Велков освои подиум, ТРЕТО место и бронзен медал на одржаниот Интернационален Младински турнир во шах “Езерска Кралица 2024”.

Турнирот е традиционален и се одржува 5-та година по ред. “Езерска Кралица 2024” (“Lake Queen”) се одржа од 8 до 10 септември во хотел „Дрим“ во Струга.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Гевгелискиот младински претставник во шах со освоени 3.5 поени од 6 кола го освои одличното 3 место и бронзен медал, во конкуренција до 16 години. Ова е достигнување остварено во конкуренција од 90 натпреварувачи од 6 шаховски федерации.

Илија Велков – медал и диплома за учество на ИМШТ „Езерска кралица 2024“

На истиот турнир гевгелискиот шаховски клуб имаше уште еден младински претставник-натпреварувач. Тоа беше Дарко Ѓоргиев кој освои 1.5 поен од 6 кола.

Дарко Ѓоргиев – ШК „7 Ноември“ Гевгелија

И двајцата тренираат веќе 2,5 години во ШК „7 Ноемрви“ Гевгелија и дел се од младинската шаховска иднина на Гевгеија. Клубот за овие полни три години од своето обновено егзистирање, тренинг и натпреварувања успеа да достигне бројност од 40 активни членови од кои 15-на се младинци.

Гевгелискиот шаховски клуб полека се враќа во кондиција и на победничките патеки од своето богато минато. После трикратниот младински првак на Македонија во 90-те години од минатиот век, Венци Попов и овогодинешниот младински првак на Македонија Ефе Ибраимов, и двајцата членови на ШК „7 Ноември“, гевгелиските шахисти продолжуваат со победите. И младиот Илија Велков е на два чекори до првото место. Му треба уште тренинг, искуство, самодоверба која што ја стекнува преку играта со своите членови, но и со младинци од негова возраст во интернационалните дуели.

Ефе Ибраимов крајот на август и почетокот на септември учествуваше на Светскиот турнир во шах, што се одржа во Германија. Овде Ефе имаше две победи. Сепак тоа не беше доволно за медал, но искуството на таблата со вкрстување на потезите со меѓународни играчи ќе го искали за следните предизвици што се пред него.

Ефе Ибраимов, младинскиот првак на Македонија во шах (втор од лево) со македонската репрезентација на пат за учество на СП

Така, гевгелискиот шаховски клуб го враќа сјајот на древната игра на црно-белите полиња и ја популаризира меѓу младите, а овие желни за успех освојуваат подиуми, младински титули.
Браво, продолжете напред со успесите!

ИМШТ „Езерска кралица 2024“
Дарко (лево), Илија Велков (десно) и носител на бронзен медал во меѓународна младинска конкуренција во шах за 2024
ShareTweetShareSend
Previous Post

ФА „Мегдан“ со забележителен настап на МФФ „Истибањско здравоживо“ 2024

Next Post

КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

Next Post
КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Министероот Тошковски во посета на ОВР Гевгелија, РЦ „Југ“ и ГП „Богородица“

Министероот Тошковски во посета на ОВР Гевгелија, РЦ „Југ“ и ГП „Богородица“

1 година ago
Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

8 месеци ago
Кривична пријава за двајца криумчари на дрога откриени на ГП „Богородица“

Кривична пријава за двајца криумчари на дрога откриени на ГП „Богородица“

2 години ago
Во Гевгелија одбележана 80 годишнината од формирањето на Црвениот Крст на Македонија

Во Гевгелија одбележана 80 годишнината од формирањето на Црвениот Крст на Македонија

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist