Убав, мирен и привлечен, опкружен со памук облачиња кои во уметнички стил ја дополнуваат природната раскош.
Дојран во септември е пријатен и за капење. Надворешната температура е 27 степени целзиусови, а температурата на водата 28,4 степени.
Изобилува од рибари кои освен уловот овде го уживаат и својот дневен мир.
Вљубениците на природните глетки уживаат во уметничката „инсталација“ на облачињата како да излегле од атељето на Ван Гог, дење памучно бели, приквечер розеви како шеќерна волна.
Посетете го Дојран во септември.