Вчера попладне приведен е гевгеличанец, јавува МВР.
На 16.09.2024 во 13:40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.