Вечерва жителите на Богородица, гевгелиско ја прославуваат селската слава, празникот на нивната заштитничка, Мала Богородица.
Празникот е христијански и го слави раѓањето на мајката Божја, но општоприфатената закрила над селото што го носи името на Богородката славењето го обнародува и со културна програма.
Попладнево во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се одржа Празнична вечерна со петтолбие, а утре со почеток во 07:00 часот ќе се одржи Празнична утрена, по што во 08:30 часот ќе следува Света Литургија со парохискиот свештеник отец Славе Ѓорѓиевски.
Жителите на селото за вечерва подготвуваат традиционална културно-уметничка програма на која ќе настапат:
– Фолклорната секција од Богородица
– КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци- фолклорна секција Стојаково
– Настап на Слободанка Арнаудова
– Танцоова група „Мистик“ од Гевгелија.
Програмата ќе се одвива на сцената од младинскиот дом „Мите Танов КОМИ“ – Богородица, а сите славеници и пријатели на Богородица се покануваат да ја проследат празничната програма со почеток во 20:00 часот.
Среќно и за на век празникот Рождество на Пресвета Богородица!