Со црковни и граѓански организирани културно уметнички настапи село Богородица во гевгелиско, овој викенд ја празнуваше селската слава, денот на раѓањето на својата заштитничка, мајката Божја, Богородица.
Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во предвечерето на празникот се одржа Празнична вечерна со петтолбие, а на самиот ден Мала Богородица се одржа најпрво Празнична утрена, а потоа и Света Литургија со парохискиот свештеник отец Славе Ѓорѓиевски.
Бројни беа жителите на Богородица и нивни пријатели кои ја проследија празничната културна програма изведена од локални културни друштва и уметници на сцената од младинскиот дом „Мите Танов КОМИ“ во Богородица. Овде настапија: Фолклорната секција од Богородица, КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци- фолклорна секција Стојаково, младата Слободанка Арнаудова и танцова група „Мистик“ од Гевгелија.
Еве дел од сценските настапи:
Слободанка Арнаудова ја исполнува песната „Црно и бело“ на Калиопи.
На ден Мала Богородица куќите на домаќините се отворени за посети и гости, а црквата организираше заеднички ручек за сите посетители и поклоници на мајката заштитничка, Богоротката Марија.
За на век да славите во мир и соживот Богорочани!