вторник, 16, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо

септември 26, 2024
in MАКЕДОНИЈА
„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо
0
SHARES
64
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Патот на Албанија за пристапување во Европската Унија ќе биде одвоен од Северна Македонија, а првиот преговарачки кластер официјално ќе биде отворен на 15 октомври, едногласно одлучија амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пишува паневропската новинската мрежа специјализирана за европски прашања „Еурактив“.

Медиумот потсетува дека патот на двете земји од Западен Балкан за пристапување во Европската Унија беше споен и дека двете заедно ги започнаа преговорите за членство во јули 2022 година.

Related posts

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025
Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

септември 14, 2025

Според последната одлука на ЕУ, Албанија следниот чекор треба да го направи на меѓувладината конференција во октомври со отворањето на првиот кластер „Темелни вредности“ кој вклучува неколку поглавја – јавни набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола.

Ова, пишува „Еурактив“, е добра вест за Албанија во нејзините напори за исполнување на барањата за напредок на европскиот пат, но е назадување за С Македонија која уште еднаш не успеа да направи одлучувачки чекор во пристапувањето кон Унијата.

„По години фрустрација, Бугарија и Северна Македонија, под француското претседателство со ЕУ во јули 2022 година, се согласија за промена на Уставот на С Македонија за вклучување на бугарското малцинство заедно со другите малцинства споменати како ‘турски народ, влашки народ, српски народ, ромски народ, бошњачки народ и други’. Со тоа Софија би го укинала ветото за напредок на преговорите на Скопје. Сепак, договорот не е имплементиран поради недостаток на политичка волја и консензус во Северна Македонија. Во моментов 100 000 македонски државјани имаат бугарско државјанство, што значи дека го докажале своето бугарско потекло“, пишува „Еурактив“.

По изборите во мај годинава, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, владата на Христијан Мицкоски стави до знаење дека сака да го репреговара т.н. „француски предлог“, што, како што потсетува „Еурактив“, наиде на отфрлање од ЕУ која предупреди дека следниот чекор ќе биде одвојување на С Македонија и Албанија од патот кон ЕУ.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Времето денеска, спремно за уживање!

Next Post

Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

Next Post
Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Силен поларен циклон ја погоди Турција, тотален хаос во земјата!

ВИДЕО: Силен поларен циклон ја погоди Турција, тотален хаос во земјата!

10 месеци ago
Гевгеличанките Благица и Валерија од „Мобилност“ ја направија ПОБЕДНИЧКАТА торта на „Тортијада 2024“

Гевгеличанките Благица и Валерија од „Мобилност“ ја направија ПОБЕДНИЧКАТА торта на „Тортијада 2024“

11 месеци ago
Валентина Узунова – ПРВА во Категорија, ТРЕТА во женска конкуренција на „Плачковица Треил 2024“

Валентина Узунова – ПРВА во Категорија, ТРЕТА во женска конкуренција на „Плачковица Треил 2024“

1 година ago
ВИДЕО: Грета Тунберг најави учество на блокадите за спас на Дошница

ВИДЕО: Грета Тунберг најави учество на блокадите за спас на Дошница

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов
  • Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК
  • Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

Иван Делиманов од Гевгелија доботник на награда за најдобра машка улога на 18 издание на ФАК

септември 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist