Капиталниот проект на иднината и еколошки спас за езерото е изградбата на новата пречистителна станица во општина Дојан кој започна со изведбени работи крајот на јули 2024.
– „Со полн интензитет се работи на изградбата на нова, модерна и современа пречистителна станица со која го решаваме деценискиот проблем за заштита на Дојранското Езеро. До крајот на месец ноември, Дојран добива нова и модерна пречистителна станица! – изјави градоначалникот на оштина Дојран, Анго Ангов.
Наместо санација на постојната, растот на општина Дојран, и со градби, и со посетители, налагаше зголемување на капацитетот на Пречистителната станица, за што се одлучија да инвестираат во нов објект со зголемен обем и перформанси.
– „По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно започна изградбата на нова пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект ја решаваме најголемата проблематика за заштита на Дојранското Езеро“ – изјавија од општина Дојран.
Средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на новата пречистителна станица и санација на колекторскиот систем се обезбедени со одлука на Влада од 2020, 2021 и 2023 година заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и дополнителните 78 милиони од Словенска амбасада во соработка со невладината организација “Милиеуконтакт”.
– „Инвестираме во Дојран и креираме подобра иднина за нас и идните генерации!“ – велат дојранчани.