Три ученички од 4-то одделение од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија денеска учествуваа на манифестацијата „Детски гласови 2024“ што ја организира Здружението за граѓанска иницијатива во културата „ЖАР Преспа“ од Ресен.
На манифестацијата учествуваа 77 ученици од Македонија кои конкурирале на поетски конкурс за најдобра детска песна. Од сите пристигнати трудови одбрани се 77 кои станаа дел од содржината на новата детска стихозбирка која го носи истиот наслов како и манифестацијата „Детски гласови 2024“.
Меѓу избраните е и песничката „Сите сме еднакви“ од ученичката „Бојана Проданова“ од Гевгелија која после читањето на својата авторска песничка ги доби и заслужените аплаузи.
Нашите ученички имаа задача да ги промовираат јавно своите авторски песнички, кои се веќе издадени во стихозбирката. Манифестацијата всушност вклучуваше промоција на детската стихозборка
Освен Бојана, во стихозбирката за деца се содржани и песничките од Снежана Чавдарова и Ива Џотова, ученички од 4-то одделение, како и Бојана Проданова, сите три под менторство на наставничката Наташа Смилкова.
Песничката на Снежана беше посветена на темата „Што сака секое дете“:
Настанот започна во 14 часот од дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с.Јанковец од каде беше реализиран еден чист детски хуманитарен настан, полн со љубов и емпатија за децата од цел свет.
Републиката поетска манифестација започна со мировна порака испратена од сите деца учесници на поетската манифестација. Се испрати во небото цветна штафета со балони направена од Живко Поповски – Цветин. Тоа беше во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Јанковец, а небото ја приграби со нежност цветната порака со балоните испратена до сите луѓе и деца во светот.
Нашите вредни ученички можеме само јавно да ги пофалиме и да им посакаме уште повеќе успех во нивното творештво!