Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска во изјава за медиумите истакна дека на 1-ви мај истакнале неколку барања, меѓу кои и барањето за зголемување на минималната плата.
Според него, аргументите се токму на страната на работниците.
– „Сметаме дека 25 илјади работници кои примаат плата од 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да примаат како таква. Сметам дека 10 илјади работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една синдикална минимална кошница ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани“, додава Трендафилов.
Тој претходно истакна дека Владата во првите 100 дена требало да седнат со нив на заедничка маса.
Извор: ТВ21