„Пробивам бури како Караколев
светам во мракот како Караколев“
Ова е рефренот на песната насловена „Како Караколев“, а инспирирана од Бранко Караколев кој во невремето со ветер и бура во Дојранското езеро, во неделата, 29.09.2024 беше принуден да го преплива Дојранското езеро и да стаса на брегот од другата страна, на грчка територија. Четири часа беше во водата и се бореше со брановите, стравот го отфрли веднаш и продолжи да плива со мислата „Морам да преживеам, имам уште многу да живеам!“. Бранко ја издржа четиричасовната борба со разбрануваното езеро и излеже жив на територија на Р.Грција.
„Пробивам бури како Караколев
денсам во диско како Караколев
ни Гоце Делчев ниту Рацин Солев
не биле блиску како Караколев.
Летам низ светов како Караколев
шетам низ Берлин како Караколев
тири дена Бога јас го молев
за да бидам силен како Караколев.“
Целиот ТОНСКИ ЗАПИС слушнете го овде, на овој ЛИНК:
Aвтор на песната е Илина Киријаковска.
Ова е несекојдневната случка на Бранко опишана од него лично за порталот GevgelijaNet:
„Преку езерото“ – Сеќавање на Бранко, пливачот по кој се трагаше во разбрануваниот Дојран