Црвениот крст на Македонија отвори уманитарни сметки за помош на настраданото население во пплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина..
Освен фирмите и компаниите помош може да одвојат и граѓаните со повикување на бројот за хуманитарни донации 143-400. Со секое јавување се донираат 100 денари, наменски за настраданото подрачје од поплави во Босна. Истиот број за хуманитарна помош 143-400 отворен и кај двата мобилни оператори, Т- mobile и А1.
Најпогоден од поплавите е градот Јабланица, збратимен град со Гевгелија. Советот на општина Гевгелија вчера на вонредна седница одобри 20.000 евра помош за настраданото население во збратимена Јабланица, средства издоени од локалниот општински буџет.