Претпразнично млад жител на Гевгелија заврши во притвор во ПС Центар, во Скопје.
Во четвртокот после полноќ (на 10.10.2024), во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Б.Д.(24) од Гевгелија.
Во полицискиот извештај за неговото спроведување како причина е наведено „затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, што е казниво дело по Кривичниот законик на РСМ.
Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот против младиот гевгеличанец ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, на ГП „Богородица“ приведена е српска државјанка.
На ден 10.10.2024 во 13:00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода Р.М.В.(39) од Република Србија затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека на увид приложила фалсификувана возачка дозвола.
Лицето било спроведено во Основен суд Гевгелија, каде што ѝ била изречена условна казна затвор од една година, доколку во рок од две години не го повтои делото и казна протерување на странец од Република Северна Македонија во рок од две години.