Малото детенце на 1 годинка и некој месец е најмалиот учесник на акцијата на ЗПСК „Кожуф“ насловена “Родители и деца” што се одржа неделава низ пределите на планинското село Ума.
Тој на рамењата на својот татко ја помина целата пешачка патека до караулата на сртот од Кожуф и назад до селото, во должина од 4 километри.
После заедничкиот ручек и сокчето со планинарите во дворот на црквата “Св.Богородица” децата имаа забавни интерактивни игри.
Еве го најмалиот планинар црта се’ што видел на планината тој ден: и жолто сонце, и зелена трева, и црвени, виолетови полски цвеќиња …
Каде се? Па најдете ги тука на цртежот, или отидете на следната акција со планинарите од ЗПСК “Кожуф” ќе ги видите лично.
P.S. Да не биде безимен јунакот на неделата јавете кој знае за неговото име.
Следуваат фотографии од интерактивните игри на децата после акцијата „Родители и деца“.