Сув период без врнежи во следните три недели прогнозира метеорологот Борис Секирарски од Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија
- „СУШАТА Е ЕДНА СКРИЕНА ПОЈАВА
Да, скриена е. Таа нема никогаш да ве „наврне“, да ве раздува.
Вода за пиење ќе си купите, ако нема на чешмите.
А сушата. Таа умее да трае, а тоа траење останува доста незабележливо од нас.
Е па, еве ја! Доспружена за во следните 1, 2 па дури и 3 недели, се рабира како изгледи за овие периоди.
Ова што е малку зеленкави квадратчиња е премалку за нешто значајно!
Тажно, се’ посуво и неубаво!“ – коментира метеорологот Б.С. на социјалнте мрежи.
Ваквото сушно време ќе придонесе за поголема загаденост на воздухот. Часовите со зголемена загаденост ќе се зголемат, а само малку ќа опаднат претежно насекаде задутре кон крајот на денот!
Циклонот кој е во Африка ќе донесе многу прав кон Европа, се’ до Шпанија.
Кај нас во Македонија, веќе е регистрирана голема загаденост во Скопје, Центар, Кичево, Струмица. И во Гевгелија денеска и покрај присуството на воздухот мерните станици за квалитет на возухот укажуваат на „загаден воздух“ со присуство на ПM 10 честички со концентрација од 41 микрограми на 1м3 и ПМ 2,5 честички со концентрација од 29 микрограми на 1м3. И двете нивоа се над дозволените граници, штетни по здравјето на човекот.
Загаден воздух, ветер и суша, е тринеделната прогноза.
Земјоделците треба да мислат и на полевање на своите насади.
Долготрајната суша ќе продолжи да создава стрес во снабдувањето со храна и вода, како и во превозот на роба ширум Европа поради многу нискиот водостој на реките. Исто така и земјоделството ќе биде на „удар“, оценува американскиот приватен метеоролошки сервис „AccuWeather“.