Мушмулата некогаш беше честа овошка во дворовите на старите домаќинства. Традиционалната мушмула сега е често заменета со јапонската мушмула како украсно дрво во дворовите бидејќи има посветли плодови, поголеми украсни лисја и е зимзелена. Ова е моќно, а заборавено овошје: Го зајакнува видот, црниот дроб и бубрезите, ја подобрува крвната слика, го чисти телото.
Мушмулата или дива круша е неправедно запоставена, а се помалку ја гледаме во овоштарниците. Созрева наесен, се јаде веќе кога е малку скапана, а списокот на нејзините лековити својства е долг.
Античките друиди и старите Римјани знаеле за лековитата моќ на мушмулата. Експертите за народната медицина тврдат дека го подобруваат видот, ги зајакнуваат црниот дроб и бубрезите, ја подобруваат крвната слика, а ги ублажуваат болките во грбот и колената. Се препорачуваат и за вртоглавица, дијареа, инфекција на усната шуплина, за запирање на крварење од непцата.
Совршена, природна детоксикација
Мушмулата го подобрува здравјето обезбедувајќи подобра хидратација, како и детоксикација. Тоа овозможува преку урината да се исфрлаат отровите од телото, а истовремено се намалува нивото на холестерол во крвта што многу поволно влијае на целокупната здравствена состојба.
Овој деликатес може да се конзумира свеж, а може да се користи и за правење сок, чај, мармалад, ликери, еликсир.
Компот од мушмули
Исчистете 1 кг мушмули, исечете ги на помали парчиња, покријте со 1 кг шеќер растворен во половина литар вода, добро измешајте и варете околу еден час на тивок оган. Изладете малку, истурете во стерилизирани тегли и херметички затворете. Земајте по 1 дл колку што е можно почесто.
Еликсир од мушмули
Потребно е:
500 гр зрели мушмули, 2,5 дцл вода, 250 гр кафеав шеќер или 20 гр мед, 1 л вињак
Подготовка: Измијте ги мушмулите, исечете ги нивните стебла и ставете ги во тегла. Сварете вода и шеќер или мед и прелијте ја мушмула. После тоа, додадете вињак и потоа нежно измешајте ги сите состојки. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на топло место 15 дена.
Повремено протресувајте и процедете по 15 дена. Исцедете ја течноста во стаклени шишиња и цврсто затворете. Да се чува на ладно место.
Koнзумирајте го за здравје.