Југот денеска спортски блесна со присуство на над 600 каратисти од Македонија и Балканот.
Се одржува Вториот Интернационален карате турнир во организација на Карате клубот „Дојран“ од Дојран, а во соработка со Карате Федерација на Македонија, Светската карате Федерација и општина Дојран.
За спортскиот настан зборува АТАНАСОВ БЛАГОЈ ЏИГИ – лиценциран меѓународен карате судија, претседател на судијскиот тим кој ќе ја дели спортската правда на терените денеска во спортската сала “Истатов” во Нов Дојран.
Атанасов Благој Џиги е познато име во карате спортот. Годинава одбележи 5 децении од одржувањето на првиот карате тренинг во својот жиот. Од тогаш од далечната 1974 година Џиги е 50 години активен во карате спортот.
Во текот а својата активна спортска кариера како натпреварувач пет пати бил првак на Македонија во екипен состав со својот карате тим од клубот на „Вардар“. Титулата која ја поседува е Шотокан карате мајстор 5 Дан ЦРН појас.
Атанасов е претседател на Судиската комисија при Карате Федерацијата на Македонија, член на Балканската судиска комисија, активен тренер на мали каратисти во КК „Тигар“ од Скопје.
Интернационалниот турнир во Дојран го оценува како успешен чин на организација на ваков турнир во југот од Македонија, дека претставува приближување на спортот помеѓу младите, начин на животен стил, воспитување „Да бидат добри ученици и добри граѓани“ ја објасни мисијата на спортот во животот на младите овој посветен спортист.