Утре на празничниот ден на Свечена седница на Советот на општина Гевгелија ќе бидат доделени „7-мо Ноемвриските награди“.
Добитници за областите во своите достигнувања се:
1. Д-р Саве Паноров – „7-мо Ноемвриска награда“ за ЖИВОТНО ДЕЛО дело во областа на здравството, а посебно примената на лапароскопската хирургија;
2. Никола Гелебешев (постхумно) – ЗЛАТНА плакета – за спортските достигнувања како фудбалер, тренер, најдобар голман на ФК „Кожуф“ и афирмација на спортска Гевгелија;
3. Глигор Гелебешев – ЗЛАТНА плакета – музичар, пијанист, за популаризација на музичките вредности меѓу младите со организирањето на Интернационалниот музички натпревар во родната Гевгелија;
4. д-р Сашо Олумчев – Златна плакета – од областа на здравството;
5. Илија Атанасов – СРЕБРЕНА плакета – за музичкиот придонес како основач и диригент на градскиот мешан хор „Гортинија“ и многуте освоени домашни и меѓународни награди;
6. Димитар Димитровски- Моте – СРЕБРЕНА плакета – во областа на спортот, кошарката;
7. Тони Аврамов – Сребрена плакета – во областа на културата.
Меѓу добитниците на највисоката Општинска награда „7 Ноември“ двајца се медицински лица, доктори, тројца се професори (по литература и 2-ца по музика), двајца се спортисти.
Добитниците на наградите ги утврди Комисија за доделување на Општинските награди при Општина Гевгелија помеѓу 25 пристигнати предлози од граѓани, Месни заедници, НВО организации, а конечните добитници ги усвои Советот на општина Гевгелија на одржаната 49-та редовна седница, минатaта среда, 30 октомври.
Освен Плакетите, наградата содржи и паричен износ и тоа:
– Наградата за ЖИВОТНО дело во износ од пет просечни плати, според податоците на официјален државен орган;
– Златната плакета во износ од три просечни плати, според податоците на официјален државен орган;
– Сребрена плакета во износ од една и пол просечна плата, според податоците на официјален државен орган
Свечената седница и доделувањето на наградите ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија со почеток во 19:00 часот.