Уличните трки во Гевгелија традиционално и годинава во чест на општинскиот празник 7 Ноември се организираат од страна на празничниот имењак, Атлетскиот клуб „7 Ноември“.
Вo недела се одржуваат градските трки од 5 и 10 километри кои се трчат по лиценцирана патека од Светската атлетска Федерација. И годинава како и лани трката на 10 километри е прогласена за Државно првенство од Атлетската Федерација на Македонија.
Победникот на трката „November Run“ во Гевгелија ќе биде и државен првак на Македонија.
Трката November Run Gevgelija 2024 е организирана според правилата на IAAF, Атлетската федерација на Македонија и согласно важечките законски прописи.
Пријавени се рекордни над 2.600 учесници од земјава и странство, реномирани атлетски имиња.
За тие кои прв пат настапуваат на трките во Гевгелија од страна на организаторите, Дарко Прошев, член на организациониот тим на гевгелискиот атлетски клуб, ја снимија патеката на движење.
Со среќа на сите учесници!