Прекрасна атмосфера полна со хумор и громогласна смеа од публиката е најкраткото сиже за синоќешниот настап на стенд-ап комичарот Бојан Велевски во Гевгелија.
Со неговата турнеја наречена „ЧАТ ЏПТ и Македонците“ тој разоткрива една нова сфера на модерното време, вештачката интелигенција, пристапноста до граѓаните и нејзината употреба.
Хумор разбирлив за секого, близок до секојдневието, близок до нашите почетни искуства со напредокот во технолошката ера, презентиран на наједностави примери, кои откако ќе ги препознаете како присутни во нашето опкружување ќе прснете во громогласно смеење. Ете, така ја доживеаја претставата на Бојан гевгеличани.
Фокусот не е дали ЧАТ ЏПТ ќе ни ги земе работните места, туку, дали ЧАТ ЏТП ќе може да ги издржи тривијалностите на македонците.
– „Јас велам, работата нека ни ја зема, платата нека остане“ – вели Бојан. А, кога ЧАТ ЏПТ ќе види со кого си има работа сам ќе бара каде е копчето за да се исклучи.
Бојан ја откри својата теза за “ЧАТ ЏПТ” пред гевгеличани: „Тоа е македонски таксист. Све знае”. А, разложувањето на тезата звучеше вака:
Ко-автор на текстот „ЧАТ -ЏПТ и Македонците“ е Божидар Божиновски на кого ова му е трета соработка со Бојан Велевски во неговите стенд-ап настапи и турнеи. Првата соработка ја имаа со сценариото за стенд-ап „Све ли ја да мислам“ од 2022, а втората соработка беше 2024 година со политичата сатира „МОЖЕВМЕ“.
Турнејата започна на 27 септември во Тетово, а ќе продолжи во уште 10 градови, со завршница во Скопје на 17 ноември.
Атмосферата пред почетокот на стен-ап изведувачопот Велевски, ја загреа Боби Додевски, познатиот кумановец и актуелен лик од популарната хумористична емисија „Нема љутиш“ на кумановската ТВ Плус, кој кажа неколку вицеви за да ја подготви публиката на смеа, и само смеа, „послужена“ во еден и пол часовно издание. Еве ја неговата теорија дека „1 септември е втор осми март за жените“:
Вака гевгелиската публика ги поздрави хумористите кои ги оставија со озарени лица и насмевки кои долго останаа да ги разубавуваат и во текот на ноќта, за сеќавање од екстра-забавната атмосфера во Народниот театар во Гевгелија, со „ЧАТ ЏПТ и Македонците“.




















