вторник, 24, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју: Михаела Попова од Гевгелија – прва жена меѓународен тениски судија од Гевгелија, втора македонка

Гевгеличанката Михаела има 26 години а веќе 5 години дели судиска правда на тениските терени низ Европа, сон и' е да суди на големите тениски настани, Грем слемови во светот

ноември 24, 2026
in ИНТЕРВЈУ
Интервју: Михаела Попова од Гевгелија – прва жена меѓународен тениски судија од Гевгелија, втора македонка
0
SHARES
427
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгеличанката Михаела има 26 години а веќе 5 години дели судиска правда на тениските терени низ Европа, сон и’ е да суди на големите тениски настани, Грем слемови во светот каде на мрежата се соочуваат светските имиња од тенискиот спорт.
На 21 година тргна да суди низ Европа, зошто да не седне и на судиското столче на Грен слем. Амбициите и стремежот на ова млада девојка не се за потценување. Таа на 21 година стана првата жена тенииски судија од Македонија со меѓународна лиценца за делење на судиската павда на тениските терени

Таа за „Женски магазин“ открива како од физиотерапевт, се посветила на тениското судење кое и’ ги отвори вратоите на светот.

Related posts

Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација

Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација

август 11, 2026
Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

мај 5, 2026

Што беше пресудно на 12 години да земете рекет во рака и да започнете да тренирате тенис? Што ве привлече кон овој спорт и кога сфативте дека тенисот ќе остане важен дел од вашиот живот?

– Поголемиот брат, Душан, беше тренер на тениските терени во Гевгелија па така тој ми беше најголема мотивација да започнам и јас. Од играње тенис во двор и на улица до тениски терени. Во мојата фамилија сите сме спортисти само во различни спортови, едниот брат фудбалер, јас и поголемиот брат тенисери и татко ми, Венци Попов беше врвен шахист (сигурна сум дека нè гледа и навива за сите нас од горе).

Од тенисерка до тениски судија е прилично интересен пат. Како дојдовте до идејата да застанете од другата страна на теренот и да станете судија?

– Во 2018 година кога се запишав на факултет во Скопје, престанав да играм тенис и се посветив на моите студии. Но, по дипломирањето поголемиот брат ми рече дека постои курс за судии во Македонија и да одам да го завршам затоа што еден ден може ќе одам секаде по светот на различни турнири. И да, така испадна, во 2021 година го завршив тој курс за судии и почнав со турнири но овој пат како линиски судија. Така што, идејата беше пак на брат ми кој исто така беше судија.

Се сеќавате ли на вашиот прв турнир како судија? Како изгледаше тој ден, дали имавте трема и што ви беше најтешко во моментот кога за првпат требаше да донесете одлуки пред играчите и публиката?

– Сè уште се сеќавам на првиот турнир како вчера да беше, а не пред 5 години. Имав некоја позитивна трема, чувството да влезеш на терен со цел твој тим пред играчи и публика беше волшебно. Најтешката одлука е дури го направиш првиот „кол“ затоа што треба да си доволно гласен за да те слушнат сите.

Колку е тешко да се биде добар тениски судија? Освен познавањето на правилата, колку се важни концентрацијата, смиреноста, авторитетот и способноста да донесете одлука за само неколку секунди, особено во напнат меч?

– Во ниедна работа ништо не е лесно, па истото е и во тенисот. Се доаѓа со искуството. Многу е важно да останеш смирен во секоја ситуација бидејќи сме сами ние против играчите и се разбира против публиката. Без разлика колку е мечот изедначен и напнат ние секогаш си стоиме на нашата одлука, на она што мислиме дека е најисправно да се пресуди.

Вашата професија ве носи во различни земји и ви овозможува да запознаете различни култури и луѓе. Постои ли некоја дестинација, турнир или момент од патувањата што особено ви останале во сеќавање и зошто?

– Англија, Холандија и Португалија секогаш ќе ми останат во срце најпрво заради народот кој живее таму затоа што навистина се гостопримливи, љубезни и културни со луѓето кои доаѓаат од други држави. Но, Англија ќе ја издвојам заради турнирот затоа што ми беше прв пат да бидам главен судија на терени на трева, а тоа отсекогаш ми беше сон затоа што тревата си има некоја посебна магија кога отскокнува топчето на неа. Исто така, во Англија за прв пат судев Wheelchair tennis што исто така е прекрасно искуство и уште еднаш ни покажува дека ако сакаш нешто да правиш ништо не може да те спречи, па така и овие луѓе се мотивација за сите нас.

Кога ќе погледнете од денешна перспектива, каде сакате да ве однесе оваа професија? Кој е следниот чекор за Михаела – поголеми турнири, повисоко судиско ниво, можеби големите светски тениски сцени?

– Мислам дека сонот на секој судија е да отиде барем еднаш на еден од четирите Гренд слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен).

За мене следен чекор е школото за бронзена значка на кое се надевам ќе имам прилика да отидам во најскоро време.

Изворот: ЖМ/Линк/

ShareTweetShareSend
Previous Post

ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Денеска e Светски ден на предвремено родените деца

Денеска e Светски ден на предвремено родените деца

3 години ago
ВИДЕО: Вулканска лава проголта град во Исланд

ВИДЕО: Вулканска лава проголта град во Исланд

3 години ago
ВИДЕО: ТППЕ Гевгелија со 77 интервенции во првите 5 месеци од годината

ВИДЕО: ТППЕ Гевгелија со 77 интервенции во првите 5 месеци од годината

6 месеци ago
Нова правда, ново судење за одговорните доктори за смртта на родилката Маја Кадиева во гевгелиската болница

Нова правда, ново судење за одговорните доктори за смртта на родилката Маја Кадиева во гевгелиската болница

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Интервју: Михаела Попова од Гевгелија – прва жена меѓународен тениски судија од Гевгелија, втора македонка
  • ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига
  • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Интервју: Михаела Попова од Гевгелија – прва жена меѓународен тениски судија од Гевгелија, втора македонка

Интервју: Михаела Попова од Гевгелија – прва жена меѓународен тениски судија од Гевгелија, втора македонка

ноември 24, 2026
ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

ЖРК „Гевгелија Југ“ – ВИЦЕШАМПИОН на сезоната во ПРВА Лига

ноември 22, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist