сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: ТППЕ Гевгелија со 77 интервенции во првите 5 месеци од годината

Најголем број на интервенции на кои учествувале гевгелиските пожарникари во изминатиот период се технички 25, потоа интервенциите на пожари на отворен простор 24, интервенциите на опожарени објекти 21

јуни 7, 2026
in ФОКУС
ВИДЕО: ТППЕ Гевгелија со 77 интервенции во првите 5 месеци од годината
0
SHARES
470
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Единицата на територијалната противпожарна заштита во Гевгелија во текот на периодот јануари – мај 2026 година извршила 77 интервенции, а до 5 јуни уште 2, или вкупно 79 теренски акции во текот на изминатите 156 денови од годината.

Тоа значи дека во просек нашите пожарникари од ТППЕ Гевгелија интервенирале на повик на не цели два дена, статистички гледано на 1,97 денови, или пред да заврши вториот ден. Односно, еден ден интервенираат, вториот ден ја подготвуваат опремата за повторна интервенција и следниот неполн ден пак се на терен. Ова е големо оптеретување на единицата на ТППЕ Гевгелија, особено со фактот што доаѓаат потопли денови, присуството на отворено е почесто, работите надвор се актуелни, во поле, во нива и опасностите од пожар демнат ако не се внимава при употреба на електрични алати, или машини кои испуштаат искри.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Најголем број на интервенции на кои учествувале гевгелиските пожарникари во изминатиот период се технички 25, потоа интервенциите на пожари на отворен простор 24, интервенциите на опожарени објекти (запалени оџаци, стан, балкон, штала на земјоделски имот) вкупно 21, па следуваат интервенциите при сообраќајни несреќи, интервенции на заплени патнички и товарни моторни возила.

Во првите два дена од јуни ТППЕ Гевгелија интервенирала во гаснење на пожар настанат во штала на земјоделски имот во с.Негорци. Пријавата е доставена до ТППЕ Гевгелија на 1.06. во 18:53 часот и се излегло веднаш на терен. Се интервенирало со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари. Пожарот е изгаснат.

Следниот ден на 2 јуни, во 09:40 часот пристигнала дојава за настанат пожар на отворен простор во полето во атарот на с.Негорци. Од ТППЕ Гевгелија се упатиле на терен едно ПП возило и двајца пожарникари. Пожарот е изгаснат, но пред да биде ликвидиран пожарот опустошил простор од 50 декари.

Значи, и пред да настапи летото, опасностите од пожари демнат. Имајќи предвид дека претстои период со зголемен ризик од појава на пожари, потребно е подигнување на јавната свест кај граѓаните за внимателно однесување во текот на летниот период.

Од ТППЕ Гевгелија апелираат до сите граѓани да бидат особено внимателни и одговорни, а доколку забележат оган или чад веднаш да се јават да пријават пожар на специјанѓлниот број 193, или да ги известат надлежните служби преку бројот за итни повици 112.
Навременото пријавување и брзата реакција се од клучно значење за спречување на поголеми штети и заштита на луѓето, имотот и природните богатства.

Да потсетиме, минатата 2025 година гевгелиските пожарникари извеле 187 интервенции во текот на целата година. Тоа во просек значи дека интервенирале секој 1,95 ден. Ваквиот просек укажува дека единицата на ТППЕ е секогаш на готовс да излезе на терен, да се впушти во коштец со огнот, да спаси човечки живот, да интервенира при сообраќајни несреќи. Секогаш се спремни да се впуштат да ризикуваат во пресрет на огнот за да се спаси живот, јавен или приватен имот.
Виден доказ за нивната приправност е и единствениот ден кој го имат за колективно славење Меѓународниот ден на пожарникарите 20 мај, тие го поминаа во работни одела, со полни ПП возила вода и опрема, спремни да тргнат на интервенција во секое време дури и кога имаат гости донатори од УНДП.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2026/06/AQPkPfwtTg1GUtVLUxGXwuV-Itn0bFVUfLYj5UNreNJJi4S14wdLYBYBb6Boo2t21GDaxCBj8jvhytUHMfFwv6jUnvp0XRqnr2H7mX_pLQ.mp4

Такви се пожарникарите – Секогаш на нозе, секогаш во служба на граѓаните. За ваквата посветеност Ви благодариме. За човечноста Ви се поклонуваме. Нека Ве следат здравје, сила и што помалку интервенции!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Татјана Стојановска од ЗС Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОН во атлетски повеќебој

Next Post

Децата од АК „7 Ноември“ освоија ШЕСТ медали на Плачковица „Аdventure Kids“ 2026

Next Post
Децата од АК „7 Ноември“ освоија ШЕСТ медали на Плачковица „Аdventure Kids“ 2026

Децата од АК „7 Ноември“ освоија ШЕСТ медали на Плачковица „Аdventure Kids“ 2026

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонските јуниори на ЕП го почнуваат походот кон А-дивизијата

Македонските јуниори на ЕП го почнуваат походот кон А-дивизијата

2 месеци ago
АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – 3то место на Балканско Првенство во Софија

АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – 3то место на Балканско Првенство во Софија

2 години ago
ВИДЕО: Грета Тунберг најави учество на блокадите за спас на Дошница

ВИДЕО: Грета Тунберг најави учество на блокадите за спас на Дошница

1 година ago
ВИДЕО: „Ѓура Мара“ – традиција која трае и зближува

ВИДЕО: „Ѓура Мара“ – традиција која трае и зближува

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist