Шест деца, ШЕСТ освоени подиуми и ШЕСТ освоени медали = Ова е резултатот од настапот на децата од „Школата за атлетика“ при Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија денеска на 5-тата по ред Детска трка на Плачковица „Аdventure Kids“.
Резултатите се неверојатни, секое дете му е до уво на другото дете од „Школата за атлетика“ сите трчаат во своите возрасни групи и СИТЕ ОСВОЈУВААТ МЕДАЛИ.
Гордоста да се качат на подиумот, на местата резервирани за најдобрите ја имаа:
1. Пепика Дебникова – ПРВО место – 8 години,
2. Томче Петков – ПРВО место – 10 години
3. Ана Бегова – ПРВО место- 11 години
4. Максим Ангов – ПРВО место – 12 години
5. Божидар Цицмиловиќ – ВТОРО место – 11 години
6. Костадин Семенаков – ТРЕТО место – 7 години.
Трката на Плачковица се изведува во Детското одмаралиште Плачковица и претставува планинска трка за деца, со учество над 300 деца од цела Македонија.




Што да се каже за овие победоносни резултати од децата при „Школата за атлетика“ кои на секој настап, на секоја трка „жнеат“ медали и не’ радуваат со своите постигнувања.
Тие дословно го исполнија секое мото од трката на Плачковица: „Секој чекор е ПОБЕДА!“, „Трчај, забавувај се, биди инспирација!“, „Спорт, дружба, насмевка и медали!
И навистина, децата од АК од Гевгелија со секој нов чекор беа поблиску до победата, тие со своите победи се инспирција за своите генерации, а медалите се трофеи по кои што ќе ги паметат своите дела. БРАВО ДЕЦА!


Секако заслуга на овој успех имаа децата кои го одбрале спортот и атлетиката за своја дополнителна активност и посветената работа на двајцата тренери Влатко Семенаков и Тодор Анчев.
За децата ЧЕСТИТКИ!
За тренерите исто така!

И, за крај, уште една специјална награда за гевгелискиот атлетски тим на детската трка на Плачковица – Од шесте деца учесници секое освои подиум, што е реализација од 100% на терен на целиот детски атлетски тим од „Школата за атлетика“ на трките „Аdventure Kids“ на Плачковица. Поради ваквиот извонреден резултат организаторот додели награда на двајцата тренери Влатко Семенаков и Тодор Анчев за најуспешни атлетски тренери и остварувања на 5-тата Детска трка на Плачковица.

Честитки за СЕДМАТА по ред ПОБЕДА на АК „7 Ноември“ на Плачковица 2026, на 6-те деца и тренерската награда!




















