Гевгелија доби уште еден спортски ВИЦЕШАМПИОН – тоа е Татјана Стојановска која денеска го освои подиумот за ВТОРО место на Државното првенство во атлетика за слепи и слабовидни лица и се заќити со СРЕБРЕН медал и Пехар за својот одличен резултат.
Татјана учествуваше како член на Спортскиот клуб „Аурора“ од Гевгелија, каде спортуваат и спортски настапуваат на натпревари претставниците на Здружението на слепи од Гевгелија. За свои дисциплини на ДП во атлетика ги одбра дисциплините фрлање ѓуле, диск и копје и генерално освои второ место и Вицешампионска титула во атлетски повеќебој на Национално ниво.
Натпреварите се одржаа на Воениот стадион во Скопје во организација на Националната Федерација на слепите лица во Република С.Македонија.
На Татјана и’ честитаме за спортското достигнувње и и’ посакуваме нови спортски победи!


Инаку Здружението на слепи и слабовидни лица од Гевгелија активно се залага за прифаќање и учество во спортски активности и рекреација на своите членови. Деновиве нивните членови беа учесници на четвртиот по ред „Инклузивен ден во планина“ со членовите на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, а во организација на Фондацијата „Ице Бегов“. На 9 мај учествуваа на натпреварите во „голбал“ во рамките од пролетната полусезона 2026 во Кавадарци. Редовно се подготвуваат и учествуваат на Републичките спортски игри на лицата со попречености.
Во февруари годинава Здружението на слепи лица од Гевгелија стана добитник на признание/награда „ПЛАКЕТА за спортски новитет за 2025 година“ што ја доделува спортската редакција на GevgelijaNET за воведувањето на новиот спорт „голбал“ во Гевгелија.

Уште еднаш честитки за неуморните спортисти од Здружението на слепи и слабовидни лица од Гевгелија.




















