Гевгелискиот средношколец ИЛИЈА ВЕЛКОВ на вчера одржаното Државно првенство во шах за основни и средни училишта, во својата училишна конкуренција го освои високото ВТОРО место и стана Вицешампион во шах меѓу средношколците во Македонија.
На натпреварот учествуваа над 200 пријавени ученици од основни и средни училишта, со што овој натпревар добива епитет на најмасовното државно првенство во шах досега.
Илија се закити со медал, а неговата менторка, професорката Јулија Беќарова се стекна со диплома за учество, како и вицешампионот Илија.

Илија Велков е член на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија и активно настапува на локални, регионални, републички шаховски турнири, а предизвик му се и турнирите со меѓународна конкуренција. Граби напред со своите резултати и се истакнува со солидни резултати.

Тој се истакна во шахот пред две години, во 2024 кога со членови на ШК „7 Ноември“ освоија заедно ТРЕТО место во екипно младинско првенство во шах на Македонија. Илија е трета година средно во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.
Од ШК „7 Ноември“ известуваат дека на истиот Државен турнир во шах, што се одржа вчера во Струмица успех имале и останатите ученици, членови на ШК од Гевгелија. Тоа се
– Ефе Ибраимов – Петти по пласман во категорија средношколци,
– Кристијан Кавазов – девети по пласман.
– Коста Поповски – освои 50% поени играјќи со своите високо рангирани соиграчи што е одличен резултат, – известуваат од ШК „7 Ноември“ Гевглија.
Одот кон повисоки цели на овие млади шахисти продолжува.
Честитки за Вицешампионот! Честитки за пласманот и на останатите гевгелиски учесници-ученици!





















